Објавена книгата „Клучниот код на молкот“ од Емилија Златкова Анасатасова
- Издавачката куќа „Збор“ од Велес деновиве ја објави книгата „Клучниот код на молкот“ на писателката Емилија Златкова Анастасова на која оваа и е 12 книга.
Велес, 11 март 2026 (МИА) – Издавачката куќа „Збор“ од Велес деновиве ја објави книгата „Клучниот код на молкот“ на писателката Емилија Златкова Анастасова на која оваа и е 12 книга.
Како што информира за МИА, авторката Емилија Златкова Анастасова, оваа книга е петто продолжение од серијалот со детективката Силвија и свештеникот Михаил, кои се исти ликови, но, книгата е засебна и не е поврзана со останатите претходни четири книги од серијалот.
Таа појасни дека во сите пет книги се зборува за исчезнати, киднапирани деца, кои ги бара детективката Силвија.
- Во оваа книга имаме една мала размена како слика во огледало. Книгата започнува со тоа што девојчето е исчезнато,мајката го бара, а потоа девојчето се појавува, а мајката ја нема, обратно е како во огледало, појасни Златкова Атастасова.
Додава дека книгата обработува интересна тема напредокот на технологијата- вештачка интелегенција.
- Преку оваа книга се поставува прашањето до каде ќе оди оваа вештачка интелегенција и колку е таа добра или лоша за нас. Такви размислувања сакам да поттикнам кај луѓето. Односно да размислиме до каде ќе оди таа технологија и колку е добра за нас, потенцира Златкова Анастасова.
Ова е прва нејзина книга за која доби поддршк од Министерството за култура и туризам.
Корицата на книгата ја изработи Христијан Анастасов.
Емилија Златкова Анастасова е автор на книгите: „Волшебното синџирче“, „Нов ден, нова песна “ (поезија) „Поглед кон невидливото“ „Близнаци“ „Детето во снегот“ „Неверство“ „Каде е Емили?“ „Новогодишна ноќ“ „Невообичаен Велигден“ „Одмазда“ „2248“ и најновата „Клучниот код на молкот“. ад/сст/
Фото илустрација