• Thursday, 29 August 2024

Николова: Разочараност кај наставниците, СДСМ ги зголеми платите за 55 отсто

Николова: Разочараност кај наставниците, СДСМ ги зголеми платите за 55 отсто

Скопје, 28 август 2024 

Почитувани, 


Голем е револтот, но и разочарувањето на просветните работници од власта на ДПМНЕ.
Наставниците во септември нема да го добијат очекуваното зголемување на платите од 12%, иако Мицкоски и ДПМНЕ тоа го ветуваа.


ДПМНЕ го погази ветувањето за унапредување на  образованието.


Секој знае дека нема квалитетно образование без инвестиција во образовниот кадар.


Вложувањето во наставниците е инвестиција во иднината на нашите деца, но и на целата држава.


Но, Мицкоски и Јаневска немаат концепт за образование, ниту има намера да ги зголеми платите на наставниците. Повторно, ДПМНЕ во сите работниците гледа евтина работна сила.
Владата на СДСМ во време на најголема здравствена и економска криза ги покачуваше платите. 


Со СДСМ наставниците секоја година, во септември, новата учебна година ја започнуваа со повисока плата.


Во септември 2019 и 2020 година добија покачување по 5 отсто, во септември 2021, 10 отсто. Во септември 2022 и 2023 година СДСМ ги покачи платите во образованите на два пати по 15 отсто.


Кумулативното, СДСМ ги зголеми платите во образованието за над 55 отсто. 


СДСМ и денеска е на страна на наставниците. Бараме Владата на Мицкоски да го исполни ветувањето и платите да им бидат покачени. Пари има! Во прашање е определување на приоритетите каде тие пари ќе се вложат.


На наставниците им следуваат повисоки плати и обврска на Мицкоски и неговата влада е тоа зголемување да го реализира.


Идните генерации, учениците заслужуваат квалитетно образование, опремени училишта и секако задоволни и ценети наставници, кои ќе ги образуваат и инспирираат.


Благодарам.

Прес-конференција на Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: СДСМ