• Saturday, 31 August 2024

Несторовски потпиша за Славен Белупо

Несторовски потпиша за Славен Белупо

Копривница, 30 август 2024 (МИА) - Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски е новото засилување на хрватскиот клуб Славен Белупо. 

Илија и Славен се договорија за соработка и потпишаа договор до крајот на оваа сезона.

Несторовски доаѓа по кариерата во Италија каде играше за Удинезе и Палермо, а претходно играше за Интер од Запрешиќ каде забележа 35 настапи во ХНЛ.

Како репрезентативец на Македонија, Илија Несторовски досега 52 пати го носеше националниот дрес и 10 пати се запиша во листата на стрелците. дс

Фото: Фејсбук/Славен Белупо