• Thursday, 29 August 2024

На “Табановце” и ”Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути

На “Табановце” и ”Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути

Скопје, 28 август 2024 (МИА) -На граничните премини “Табановце” и ”Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се
однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/ев/

Фото: МИА Архива