• Thursday, 29 August 2024

На „Табановце” и „Богородица” се чека околу 30 минути

На „Табановце” и „Богородица” се чека околу 30 минути

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - На граничните премини „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но итензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.  

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/аа/

фото: МИА архива