• Thursday, 29 August 2024

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по повод празникот Голема Богородица ќе чиноначалствува со богослужбата во манастирот во Матка

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по повод празникот Голема Богородица ќе чиноначалствува со богослужбата во манастирот во Матка

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - По повод празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот кај Матка утрово во 8:30 часот ќе се одржи богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. 

Традиционално на овој ден во манастирот се одржува општонароден собир и крводарителска акција. 

Синоќа во пресрет на еден од најголемите христијански празници кај народот познат како Голема Богородица се одржа вечерна богослужба и сеноќно бдеење. 

На овој ден илјадници скопјани и жители од други делови на земјата, христијани, но и муслимани доаѓаат во манастирот да се помолат за здравје пред Мајката Божја. бт/ев/

Фото: МИА