• Friday, 14 August 2026

Мухова: Тешко е да се најдат вистинските зборови

Мухова: Тешко е да се најдат вистинските зборови

Лондон, 11.јули 2026 (МИА) – Во женското чешко финале на Вимблдон имаше вистинска драма. Каролина Мухова успеа да спаси пет меч топки во вториот сет, но сепак шампионскиот пехар го крена нејзината сонародничка Линда Носкова.

-  Тешко е да се најдат вистинските зборови, честитки на мојата поранешна пријателка (со насмевка). Секако дека се шегувам. Ова е ти е прво Гренд слем финале и сметам дека ти и тимот заслуживте. Благодарност и до публиката за овие две недели, изјави финалистката Мухова.

За Мухова ова беше второ Гренд слем финале по Ролан Гарос во 2023 година и трите полуфиналиња (Австралија Опен 2021, УС опен 2023 и 2024). мн/

Фото: ЕПА