• Tuesday, 27 August 2024

Министерот Муцунски на средба со новоименуваниот амбасадор Кристоф Ле Риголер

Министерот Муцунски на средба со новоименуваниот амбасадор Кристоф Ле Риголер

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево соопшти дека министерот Тимчо Муцунски ги примил копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Скопје, Кристоф Ле Риголер.

- Посакувајќи му на амбасадорот Ле Риголер срдечно добредојде и успешна дипломатска мисија, министерот Муцунски изрази задоволство од досегашниот политички дијалог и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави посветено ќе работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на меѓусебната поддршка во различните мултилатерални формати, се наведува во соопштението. 

Муцунски изразил благодарност за активниот ангажман и поддршката на Француската Република во рамки на евроинтегративните процеси на земјава и искажал интерес за продлабочување на билатералната соработка на економски план во периодот што следи.

Амбасадорот Ле Риголер, како што се вели во соопштението, истакнал дека Француската Република високо го цени придонесот на земјава кон стабилноста и просперитетот на целиот регион и останува посветена на натамошниот развој на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство, меѓусебната доверба и остварените постигнувања во повеќе области. бак/

Фото: Министерство за надворешни работи