Меџити со порака за поддршка во розовиот месец: Раното откривање го спасува животот
- Кандидатот на владејачката коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, објави видео за подигање на свеста на својата официјална страница на Фејсбук, по повод розовиот месец, кој е посветен на информирање, превенција и рана дијагноза на ракот на дојка, се вели во соопштението од неговиот изборен штаб, коешто МИА го објавува интегрално.
- Post By Фатиме Фазљији
- 15:56, 9 October, 2025
Скопје, 9 октомври 2025
Кандидатот на владејачката коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, објави видео за подигање на свеста на својата официјална страница на Фејсбук, по повод розовиот месец, кој е посветен на информирање, превенција и рана дијагноза на ракот на дојка, се вели во соопштението од неговиот изборен штаб, коешто МИА го објавува интегрално.
Во видеото, Меџити се појавува заедно со жените од ВЛЕН, пренесувајќи ја значајната порака: "Раното откривање го спасува животот!“. И жените кои се појавуваат во видеото ја пренесуваат истата порака за грижа и редовна здравствена контрола, нагласувајќи ја важноста на солидарноста и поддршката кон жените кои се соочуваат со оваа болест.
Фото: изборен штаб на Изет Меџити