• Wednesday, 28 August 2024

Меџити се сретна со градоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај

Меџити се сретна со градоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити за време на официјалната посета на Тирана беше примен од градоначалникот Ерјон Велиај.

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање Меџити и Велиај на средбата разговарале за реализација на проекти во интерес на граѓаните на главните градови.

-Во главниот град на Албанија, во мојот втор дом, средбата со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, тоа беше повеќе од официјален разговор, тоа беше братски момент. Средбата ги надмина административните прашања и се претвори во споделување чувства и идеи за зајакнување на врските меѓу нашите две земји, рекол Меџити на средбата со градоначалникот на Тирана.

Меџити рекол дека топлото гостопримство и впечатоците од страна на Велиај се доказ за длабоките и братски врски што не обединуваат, додека оваа средба ја зајакнува посветеноста за соработка и заеднички развој.

Градоначалникот на Тирана Велиај, пак, истакнал дека сега мора да се работи за новата генерација Албанци, за дигитална генерација која, како што рекол, иако доаѓа од мали земји како нашата, е подготвена со своето знаење длабоко да навлезе во светот.

-Секогаш сте добредојдени во Тирана, а нашата врата е секогаш отворена за нашите браќа и сестри Албанци од Северна Македонија, рекол Ерјон Велиај. сст/са/

Фото: МЖСПП