• Sunday, 01 September 2024

Мерцедес го потврди Андреа Кими Антонели за следната сезона

Мерцедес го потврди Андреа Кими Антонели за следната сезона

Бракли, 31 август 2024 (МИА) - Екипата на Мерцедес официјално го објави Андреа Кими Антонели за свој стартен возач за сезоната 2025 во Формула 1 Назначувањето на младиот Италијанец воопшто не е изненадувачки и сосема очекувано, беше објавено за време на викендот на Италијанското ГП.

Во него, Антонели дебитираше во официјална Формула 1 сесија, но дебито не помина најдобро, бидејќи младиот пилот при својот втор летечки круг заврши во безбедносните огради. Сепак, оваа грешка не се покажа фатална за неговите шанси да биде стартер во Формула 1 и неполни 24 часа подоцна тој беше потврден од Мерцедес.

Антонели станува третиот дебитант кој обезбедил место во Формула 1 во 2025 година по Оливер Берман (Хаас) и Џек Дуан (Алпин). Антонели, исто така, станува првиот дебитант кој дебитирал за водечка екипа како стартен возач по Луис Хамилтон во Мекларен во 2007 година. Антонели ќе го заземе местото на седумкратниот светски шампион, кој се сели во Ферари и ќе биде партнер на Џорџ Расел.

Антонели важи за еден од најголемите таленти и не случајно од 2019 година е дел од програмата на Мерцедес за развој на млади возачи. Италијанецот, кој во неделата наполни 18 години, има четири титули во пониските натпреварувања, каде ја освои Формула 4 во Германија и Италија во 2022 година, а една година подоцна триумфираше и во Формула Регионална на Блискиот Исток и Европа. Тој го имаше своето деби во Формула 2 таа година, прескокнувајќи ја Формула 3 и забележа две победи во првите десет кола од годината. Во привремениот поредок го зазема шестото место со 87 бодови и негатива од 78 пред лидерот Исак Хаџар. дс

Фото: Х/Мерцедес Ф1