• Saturday, 31 August 2024

Мерино го повреди рамото на првиот тренинг на Арсенал

Мерино го повреди рамото на првиот тренинг на Арсенал

Лондон, 30 август 2024 (МИА) - Шпанскиот репрезентативец Микел Мерино, кој неодамна премина во Арсенал од Реал Сосиедад, го повреди рамото на првиот тренинг со лондонскиот клуб и ќе пропушти „неколку недели“. Ова го соопшти менаџерот на „топџиите“ Микел Артета.

- Вчера тој беше жртва на судир и го повреди рамото. Изгледа дека ќе биде надвор од теренот неколку недели, изјави шпанскиот менаџер на својата прес-конференција пред утрешниот меч со Брајтон.

Во вторникот беше официјализиран трансферот на 28-годишниот европски шампион во Шпанија, а инцидентот се случи во четвртокот на тренингот на првиот тим на Мерино.

„Тој падна на земја, а Габи падна врз него. Се чини дека има мала скршеница, објасни Артета.

Менаџерот на англискиот вицешампион одби да го коментира крајот на летниот преоден рок, само напомена дека тимот треба да се засили на голманската позиција по заминувањето на Арон Рамсдејл (Саутемптон) и Карл Хајн (позајмица на Ваљадолид). дс

Фото: Фејсбук/Арсенал