• Saturday, 31 August 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 31 август 2024 (МИА) - На 30.08.2024 во 08.35 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во село Габревци, при што одзел пари. Кај него биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а исто така, признал дека и на 23.08.2024 извршил „тешка кражба“ во куќа во село Габревци. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по нивно целосно документирање против И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.    

На 30.08.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Ј.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.08.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ш.(28) од Белгија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 30.08.2024 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.08.2024 во 00.30 часот на Граничен премин Богородица, при влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода К.А.(33) од Косово, со дозвола на привремен престој на странец  во РСМ. При пасошка контрола и проверки било утврдено дека француската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана. Лицето било предадено во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 30.08.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавенно дека на  регионален пат Р1402, на делница од с.Габрово до с.Банско, струмичко, се случила сообракајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

На 30.08.2024 околу 23.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на излез од с.Черкези, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од с.Љубодраг, кумановско, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На 30.08.2024 околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип- Кочани, на влез во с.Чардаклија, штипско, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(62), удрило во пешаците Б.Т.(42) и еден малолетник, сите од с.Чардаклија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди се здобила Б.Т., констатирани во Клиничка болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип. 

На 30.08.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Драчево, Д.Ѓ.(76) од Скопје пријавил дека во близина на манастир на подрачјето на Драчево бил каснат од куче скитник.

На 30.08.2024 во 10.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Л.П.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 30.08.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Ценатр, А.Х.П.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Елисие Поповски Марко“ во Скопје била касната од куче скитник. миа/миа/

фото: МИА архива