• Friday, 30 August 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.(40) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024   пријавената  започнала со изведување на доградба и надградба на куќа во Струга, без да поседува одобрение за градење.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(63) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 пријавениот започнал со градба на  кат – над објектот за домување со деловен простор во Струга, без да поседува одобрение за градење.

На 29.08.2024 околу 04.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица ,,Андон Шурков" во Велес, мотоцикл ,,пијаџо беверли" со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.И.(24) од Велес, удрил во пешакот Т.А.П (58) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 28.08.2024 во 23.50 часот во Полициска станица Велес Р.Т.(69) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. 

На 29.08.2024 во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Брод -  Гнеотино“ при РЕК Битола на 28.08.2024 околу 21.00 часот, при извршување на работни задачи, С.С.(43) од Битола се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. За настанот бил известен трудов инспектор, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (29.08.2024) во 02.45 часот во ОВР Виница М.Ѓ.(36) од Виница пријавил дека во Виница било опожарено неговото патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Виница. Повредени лица нема. Известен  бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.08.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп , во куќа сопственост на Д.А.(48) од Прилеп настанал пожар, при што со телесни повреди- изгореници се здобиле две деца, кои биле сами во една од просториите. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

На  28.08.2024 во 22.47 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека С.К. (28) од  село Конопница, кривопаланечко, на градскиот плоштад во Крива Паланка, при одржување  на концерт, била повредена од огномет. С.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во „Здравствен дом“ Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 28.08.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје С.А.(43) од Скопје пријавила дека на 26.08.2024 на крстосница на бул.„Кочо Рацин“ со бул.„Кирил и Методиј“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале таа, управувајќи електричен тротинет, и велосипед управуван од лице кое го напуштило местото на настанот. С.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2024 година во 02.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на место викано „Прмакови ниви“ во Куманово   настанал пожар на стрниште, а било зафатено и  патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки во сопственост на Ѓ.Ѓ.. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид.

На 28.08.2024 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, било пукано кон А.И.(24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.08.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.С.(22)  од Скопје, по претходна пријава дека во домот кршел покуќнина, се заканувал и се обидел физички да ја нападне неговата 50- годишна мајка, а потоа физички го нападнал нејзиниот партнер. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 28.08.2024 во 21.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Добри Дол, општина Сопиште, на место викано „Перковец“, настанал пожар во викенд куќа сопственост на П.С.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

На 28.08.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во близина на ДСУ „Димитар Влахов“  настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил објект на фирма сопственост на О.Ј.. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

На 28.08.2024 во 12.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Чаир настанал пожар во објект на фирма сопственост на А.Р.(47) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

На 28.08.2024 во 20.10 во СВР Скопје, М.М.(27) пријавил дека на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од Ж.Д.(36), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје, Д.П.(19) од Скопје пријавил дека на 24.08.2024 на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од две лица, а употребен бил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.08.2024 во 23.15  часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.У.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил А.Х.(12), кој му е доделен за згрижување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 28.08.2024 во 19.30 часот во СВР Штип, Ј.Д.(63) од с.Коџалија, радовишко, пријавил дека во село Суво Грло, штипско, бил физички нападнат од В.М. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.08.2024 во 18.45 часот во ОВР Свети Николе, било пријавено дека во Свети Николе бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В.(32) и А.П.(24) од една страна и С.В.(55) од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.08.2024 во 23.40 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Л.В.(51) од Штип, а по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга, дека околу 23.35 часот во семејниот дом физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (29.08.2024) во 09.00 часот во Полициската станица Кочани, И.Г.(60) од с.Кучичино, кочанско, пријавил дека  на 28.08.2024 околу 17.30 часот пред објект во селото бил физички нападнат од В.А., кој употребил и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (29.08.2924) во 10.00 часот во Полициската станица Кочани, Ш.Р.(41) од Кочани пријавил дека на 28.08.2024 во 20.00 часот во дворот на семејниот дом бил физички нападнат од С.„Н“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(66) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавената, на катастарска парцела во Охрид изградила темелни траки за изградба на семејна куќа, без да поседува одобрение за градење.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(53) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 30.07.2024 пријавениот на својата поранешна вонбрачна сопруга и упатил навреди и закани.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.M.A.(41), државјанин на Египет, со живеалиште во Италија-Торино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 26.08.2024 пријавениот во хотел, по расправија со својата партнерка од Кочани, и одзел пари, мобилен телефон и клуч од патничко возило „бмв“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(54) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.08.2024 полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект и помошни простории, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и тетрахидроканабинол.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 22.08.2024 во 09.27 часот во Охрид, пријавениот физички го нападнал К.Ј. при што му нанел повреди. вг/

Фото: МИА Архива