• Monday, 23 September 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.М.(45) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 15.09.2024 на бул.„Климент Охридски“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што тој од раката фрлил кафеава прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. 

Денеска (21.09.2024) во ОВР Кочани било пријавено дека околу 08.00 часот на магистралниот пат Штип - Кочани, кај с.Тркање, Кочанско, патничко возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.А.(26) од с.Облешево, Кочанско, удрило во пешакот С.С.(56) од с.Теранци, Кочанско. Од здобиените повреди пешакот С.С. починал на местото, а лекар констатирал смрт. Увид извршила екипа од ОВР Кочани.

На 20.09.2024 во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 20.09.2024 во 00.15 часот на ул.„11 Септември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ј.Ц.(34) од Кичево затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Љ.(36) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.01.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

На 21.09.2024 околу 03.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Штип настанал пожар во патничко возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на О.Р.(40) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Штип.

На 20.09.2024 во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во с.Лакочереј, Охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид. Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен. 

На 21.09.2024 во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Штип ги привеле Ј.М.(32) и П.Р.(27), двајцата од Штип, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 19.09.2024 во СВР Скопје, Е.Р.(28) од с.Сопиште, Скопско, пријавил дека на 18.09.2024 на патот од с.Сарај, Скопско, кон обиколница на Град Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Х.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 11.09.2024 на ул.„Ленинова“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамин и МДМА. 

На 20.09.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје, 37 - годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.09.2024 околу 11.15 часот во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, во кое учел, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.09.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Анастас Митрев“ во подземна гаража бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.09.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Неготино, Т.Н.(37) од Неготино пријавила дека на улица „Антигона“ од двор излегло куче кое го нападнало нејзиното куче и нејзе ја каснало. Се работи на расчистување на настанот.  

На 20.09.2024 во 14.15 часот во Полициската станица Кичево, Б.А.(71) од Кичево пријавил дека во с.Грешница, Кичевско, неговиот брат Ѓ.А. бил каснат од куче скитник. 

На 20.09.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Кичево, Д.Р.(82) од Кичево пријавил дека на ул.„4 Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива