• Saturday, 31 August 2024

Лефков: Купувала карти за Дубаи од 3000 евра како за службено патување, а потоа не одела

Лефков: Купувала карти за Дубаи од 3000 евра како за службено патување, а потоа не одела

Скопје, 31 август 2024

Со секој нов скандал на Бисера Антоанета и начинот на кој ги трошела парите, си го поставуваме прашањето - Имала ли чувство на одговорност и грижа на совест? По сите скандали што ги направила очигледно не.

Очигледно Бисера Антоанета сакала да стигне и отиде секаде, но времето и било непријател. Годината има 365 дена, а Антоанета сака да ја посети целата планета. Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала.

На 05.02.2022 година Антоанета со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци.
 
Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок?

3000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се 5 денари.

Утре продолжуваме со нови детали и нови патувања платени, а потоа не реализирани и откажани без образложение.

Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ