• Tuesday, 27 August 2024

Лефков: Костадиновска Стојчевска со патниот налог доставила и сметки од чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги платила со народни пари

Лефков: Костадиновска Стојчевска со патниот налог доставила и сметки од чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги платила со народни пари

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со патниот налог до сметкводство во Министерството за култура ги доставила и сметките кои ги покрила со народни пари, од оти од нив може да се види дека со буџетски пари плаќала чорапи, хулахопки, куфери, мечиња. Во прилог на тврдењата Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција приложи и сметки кои, како што рече, таа ги доставила во институцијата со која раководела.

-Ова е сметката за купен куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти. Оваа сметка е доставена лично од Бисера Антоанета до сметководството во Министерството за култура, а ова е нејзиниот потпис на истата. Бисера Антоанета куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари. Одиме со следна сметка, од 219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023 година, рече Лефков.

Според него, поранешната министерка се правда со некакви изводи од плаќање од 25-ти, т.е. ден претходно, но, додаде тој, чии се тие смтрки јавноста не ја интересира.

-Чии се сметките од 25-ти воопшто не не интересира. Тема на интерес е тоа што Бисера Антоанета однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошените средства, а тоа се овие сметки со нејзин потпис. Одиме понатаму, ова е сметката од Gift Galore London, од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football. Бисера Антоанета, на лагите и се кратки нозете. Народот може да ги види сметките од твоето трошење со негови пари, сметки кои потоа си ги однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошеното, рече Лефков.

Тој најави дека партијата утре ќе продолжи со објавување, како што рече, уште поскандалозни случаи од нејзиното раскошно живеење со државни средства и ресурси. сст/са/

Фото: МИА архива и ВМРО-ДПМНЕ