• Thursday, 29 August 2024

Кирби: САД ќе го бранат Израел во кој било напад на Иран

Кирби: САД ќе го бранат Израел во кој било напад на Иран

Вашингтон, 28 август 2024 (МИА) - Соединетите Американски Држави остануваат посветени на одбраната на Израел во кој било напад на Иран, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Кирби за израелскиот Канал 12 рече дека е тешко е да се предвиди колкави се шансите за ирански напад врз Израел, но дека Белата куќа сериозно ги сфаќа најавите на Техеран.

„Нашите пораки до Иран се конзистентни доследни и ќе останат такви. Првата е да не започне ескалација. Втората е дека САД се подготвени да го бранат Израел доколку тоа се случи“, посочи Кирби. рп/

Фото: МИА архива