• Wednesday, 16 July 2025

Иран: Нема штета на нафтените постројки

Иран: Нема штета на нафтените постројки

Тeхеран, 13 јуни 2025 (МИА) - Националната иранска компанија за рафинирање и дистрибуција на нафта денеска соопшти дека не е пријавена никаква штета на нафтените постројки во земјата и дека процесот на снабдување со гориво продолжува.

„Досега не е пријавена штета на нафтените постројки во земјата и процесот на снабдување со гориво продолжува“, се вели во соопштението, според ИРНА.

Претходно денеска, Регионалната електроенергетска компанија сооппшти дека електричната мрежа во главниот град и покраините Ком и Алборз е во целосно стабилна состојба и дека снабдувањето со електрична енергија се одвива без проблеми.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека иранскиот нуклеарен комплекс Натанз бил цел за време на израелскиот напад и дека агенцијата е во контакт со иранските власти во врска со нивото на радијација. рп/

Фото: ЕПА