• Thursday, 29 August 2024

Израел соопшти дека убил пет палестински борци во џамија на Западниот Брег

Израел соопшти дека убил пет палестински борци во џамија на Западниот Брег

Тулкарм, 29 август 2024 (МИА) – Израелската војска денеска соопшти дека нејзините сили убиле пет палестински борци кои се криеле во џамија во Тулкарм на Западниот Брег.

Ова е втор ден од израелската „антитерористичка операција“ во неколку градови и бегалски населби во северниот дел на Западниот Брег, соопшти армијата.

Израелската армија вчера соопшти дека „елиминирала“ девет палестински борци откако во текот на ноќта почна операција во Џенин, Тулкарм, Тубас и бегалските кампови каде што се особено активни вооружените групи кои се борат против Израел.

- Терористот Мухамад Џабер, „Абу Шуџа“ беше елиминиран во размена на оган за време на антитерористичките операции во Тулкарм. Џабер, „Абу Шуџаа“, беше шеф на терористичката мрежа во Нур Шамс. Дополнително, тој беше вклучен во извршување на бројни терористички напади, вклучително и напад со пукање во кој во јуни беше убиен израелскиот цивил Амнон Мухтар. Тој беше елиминиран заедно со четворица други терористи кои се криеја во џамија во Тулкарм, соопштија ИДФ на Х. јт/