• Saturday, 31 August 2024

Изненадување: Стерлинг се договори со Арсенал

Изненадување: Стерлинг се договори со Арсенал

Лондон, 30 август 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач на Челси, Рахим Стерлинг ги договорил личните услови со Арсенал во последните часови, пренесува Фабрицио Романо.

Во последните денови тој најмногу се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но од „Олд Трафорд“ ја отфрлија таа можност.

Денеска од „Емирати“ влегоа во преговори со Стерлинг и брзо беше постигнат договор.

Сега останува шефовите на Челси и Арсенал да се договорат, што во секој случај ќе биде едногодишна позајмица, но се уште не е јасно дали и каква откупна клаузула на крајот ќе биде вклучена.

Рахим Стерлинг отпадна од плановите на Енцо Мареска и беше исклучен од тренинзите со првиот тим на „сините“, а крилниот напаѓач вложи максимални напори да го напушти „Стемфорд Бриџ“ бидејќи сака да игра редовно. дс

Фото: Архива