• Sunday, 07 December 2025

Заматена водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови 

Заматена водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови 

Кавадарци, 6 декември 2025 (МИА) - Заматена е водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови, информира попладнево јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци. Апелираат до граѓаните водата да се преврива пред употреба. 

- Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање потребно е да се преврива. Во корелација со Центарот за јавно здравје  Кавадарци, состојбата се следи и дополнително ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата, вечат од „Комуналец". свд/бак/

Фото: МИА архива

You May Also Like