• Thursday, 29 August 2024

Жена почина во пожар во село Лозово

Жена почина во пожар во село Лозово

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Во пожар во куќа во село Лозово вчера починала 59-годишна жена. 

Полицијата соопшти дека вчера во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во село Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот.

-Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти МВР. ев/

ФОТО: Архива