• Wednesday, 17 June 2026

Во Струмица денеска и утре се одржуваат спортските игри за средни училишта

Во Струмица денеска и утре се одржуваат спортските игри за средни училишта

Струмица, 11 мај 2026 (МИА) - Струмица денеска и утрее домаќин на Државните спортски игри за средни училишта – Гимназијада „Чушко – Струмица 2026“, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Меѓуопштинскиот сојуз на училишен спорт – Струмица, а под покровителство на Министерството за спорт и Општина Струмица.

На спортската олимпијада ќе учествуваат околу 600 средношколци и 40 екипи од целата држава, кои ќе се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и футсал, во машка и женска конкуренција.

-Се работи за еден од најмасовните и најзначајните училишни спортски настани. Од Струмица произлегле многу врвни спортисти, но Струмиц а се спокажала и како одличен домаќин и одличен организатотр на различни спортски манифестации и спортски настани. Општина Струмица посебен акцент става на спортската инфраструктура и генерално подобрување на условите за да може што поголем број на млади да бидат вклучени во спортските активности. Јас сум убеден дека овој пат Струмица ќе биде одличен домаќин и дека ова ќе биде и најдобро организираната Гимназијада досега, се наведува во пренесената изјава на советникот за спорт во Општина Струмица, Ристо Ристов.

Натпреварите ќе се одигруваат во спортската сала „Парк“ и во училишните спортски сали во Струмица, а градот по петти пат ќе биде домаќин на овој значаен училишен спортски настан.рт/са/

Фото: Општина Струмица

You May Also Like