• Friday, 30 August 2024

Специјалистичко усовршување на доктори во Хрватска и исти услови за школување во Хрватска и Северна Македонија

Специјалистичко усовршување на доктори во Хрватска и исти услови за школување во Хрватска и Северна Македонија

Загреб, 29 август 2024 (МИА) – Специјалистичко усовршување на доктори од Северна Македонија во Хрватска, експертска едукација на тим и специјалисти за трансплантанција на црн дроб, размена на експерти заради пружање на советодани услуги при лекување на пациенти се дел од Планот за соработка што денеска во Загреб го потпишаа министерот за здравство Арбен Таравари и неговиот хрватски колега Вили Берош. 

Новиот тригодишен план за соработка, како што јави известувачот на МИА од Загреб, опфаќа размена на експерти и советодавни услуги, соработка во областа на стручното усовршување на здравствените работници и соработка во делот на донирањето и трансплантацијата на органи. 

Програмата за соработка во делот на образованието за временски период од 2028 година што ја потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и хрватскиот министер за наука, образование и млади Радиван Фукс меѓу другото опфаќа размена на 24 стипендии на годишно ниво за наредни студии на високообразовните установи во траење од три до шест месеци за кандидати до 26 години. 

Македонската страна дополнително ќе нуди две стипендии за студенти по македонски јазик за учество во работата на летната школа по македонски јазик во Охрид, а хрватската страна исто толку стипендии за летен курс по хрватски јазик во рамки на Загребската славистичка школа за студенти од Универзитетот „св. Кирил и Методиј“. 

Дел од Програмата е и подршката за воведување на заеднички постдипломски студии од страна за области од заеднички интерес. бак/ев/  

Фото: МОН