• Thursday, 29 August 2024

Градоначалничката на Париз заплива во Сена пред почетокот на Параолимписките игри

Градоначалничката на Париз заплива во Сена пред почетокот на Параолимписките игри

Париз, 28 август 2024 (МИА) - Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, повторно заплива во Сена во пресрет на Параолимписките игри. Таа беше облечена во отворен костим за капење.

- За неколку дена, параолимписките спортисти исто така ќе пливаат во Сена за време на триатлонот, напиша Идалго на социјалните мрежи.

Таа исто така додаде дека од следната година, пливањето во Сена ќе стане задолжителен атрибут на париското лето.

Претходно, триатлонката од Казахстан, Екатерина Шабалина изјави дека се лекува со антимикробен лек по пливањето во Сена.

Градоначалничката веста дека спортистите на Олимпијадата во 2024 година се разболеле откако пливале во Сена ја нарече лажна.

Параолимпијадата во 2024 година ќе се одржи од денес до 8 септември. зс/

Фото: ЕПА