• Saturday, 31 August 2024

Гвардиола: Нема да бараме замена за Хулијан Алварез

Гвардиола: Нема да бараме замена за Хулијан Алварез

Манчестер, 30 август 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека „граѓаните“ нема да направат обид да привлечат напаѓачки играч кој ќе го замени Хулијан Алварез кој се пресели во Атлетико Мадрид.

Каталонецот преферира да им даде шанса на играчите кои моментално ги има.

-Среќен сум со тимот. Не очекувавме Хулијан да си замине, иако долго време беше во преговори со други клубови, па постоеше таа можност. Видовме што имаме. Ќе имаме проблем ако имаме многу, многу повреди, но за неколку месеци Оскар Боб би требало да се врати. Фил Фоуден, Гундоган, Бернардо, Макати можат да играат и на предните позиции. Тие се различни играчи од Ерлинг Халанд, се разбира. Можеби е грешка, не знам, но не сакам да оставам играчи долго време без минутажа. Секогаш е подобро кога сите имаат шанса да играат. Ја знам групата играчи и колку се сериозни професионалци. Како и нивната посветеност на секој натпревар. Речиси сме сигурни во нашата одлука, но да почекаме, изјави Гвардиола. дс

Фото: Архива