• Thursday, 29 August 2024

Во сообраќајка во Велес, мотоциклист тешко повреди пешак

Во сообраќајка во Велес, мотоциклист тешко повреди пешак

Велес, 29 август 2024 (МИА) - Во сообраќајна несреќа утрово во 4:55 часот на улица „Андон Шурков“ во Велес 24-годишниот мотоциклист Т.И со „пијаџо беверли“ удрил во 58-годишниот Т.А и му нанле тешки телесни повреди на главата, констатирани во велешката Општа болница, информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Повредениот по укажаната помош во велешката болница итно бил однесен во Ургнтниот центар во Скопје. Кај мотоциклистот се констатирани само нагмечувања без скршеници, а е задржан на одделот за ортопедија и трауматологија на понатамошна опсервација, информира Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Од СВР Велес информираат дека по овластување на јавен обвинител увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.ад/са/

Фото: МИА архива