• Thursday, 29 August 2024

Во Битола реновирано средното економско училиште „Јане Сандански“

Во Битола реновирано средното економско училиште „Јане Сандански“

Битола, 29 август 2024 (МИА) - Градоначалникопт на Општина Битола, Тони Коњановски го посети реновираното средно економско училиште „Јане Сандански“.

За време на увидот во училиштето, Коњановски беше информиран за комплетното надворешно реновирање и внатрешно уредување на училници и канцеларии во кои сега има нов и модерен мебел.

Во новоопремените училници има нови столчиња, клупи, табли, венецијан ролетни и подиуми за катедри, а модерно се опремени и канцелариите во училиштето каде има нов ламинат, конгрес столици, фотељи, како и модерни венецијан ролетни. Извршена е и санацаија на училишните ходници, соопштија од Општина Битола.мт/са/

Фото: Општина Битола