• Friday, 30 August 2024

ВМРО-ДПМНЕ: На Скопје му треба решение за автобуски превоз веднаш, а не по една година

ВМРО-ДПМНЕ: На Скопје му треба решение за автобуски превоз веднаш, а не по една година

Скопје, 29 август 2024

Данела Арсовска не изнесе никаков план за решавање на состојбите во ЈСП и надминување на состојбите со хаосот со јавниот превоз.

Нејзиниот единствен предлог беше задолжување на градот за набавка на нови автобуси кои би дошле по една година.

Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е дека на скопјани не им треба решение по една година какво предвидува Арсовска и тоа преку ново нилионско задолжување на градот, туку решение кое ќе почне да функционира од понеделник кога стартува новата учебна година.

Тоа што СДС, ДУИ и Арсовска се обединија околу раскрчмување на градските ресурси говори за тоа колку неспособноста и криминалните мотиви се присутни при носењето на одлуки во Скопје.

Арсовска не изнесе никаков план иако ветуваше решенија.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МИА архива