• Sunday, 01 September 2024

Варан не е пријавен за натпревари во Серија „А“

Варан не е пријавен за натпревари во Серија „А“

Комо, 31 август 2024 (МИА) - Францускиот стопер Рафаел Варан извесно време нема да игра за Комо поради здравствени причини.

Поранешниот дефанзивец на Ленс, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед играше 23 минути за италијанскиот клуб на натпреварот од Купот против Салернитана кога го повреди флексорниот мускул на бутот.

Не одигра ниту минута во италијанското првенство, клубот не го стави на списокот за Серија „А“, па тренерот Цеск Фабрегас дефинитивно нема да смета на 31-годишниот фудбалер.

Варан има двегодишен договор со Комо со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Комо гостува во Удинезе во недела од 20:45 часот во натпреварот од третото коло во Серија „А“. дс

Фото: Архива