• Friday, 14 August 2026

Биберовиќ нов играч на Далас

Биберовиќ нов играч на Далас

Истанбул, 11.јули 2026 (МИА) – Турскиот кошаркарски репрезентативец Тарик Биберовиќ потпиша договор со НБА екипата Далас, соопштија од клубот. Биберовиќ ќе треба две години да го носи дресот на Далас, а ќе добие шест милиони долари.

Биберовиќ осум години беше член на турската екипа Фенербахче, со која во 2025 година ја освои Евролигата. Освои четири титули првак на Турција и пет купа.

Кариерата ја почна во екипата на Спарси од Сараево, каде настапуваше две сезони. мн/

Фото: ЕПА