• Friday, 27 September 2024

Бела куќа: Повикот за примирје во Либан беше „координиран“ со Израел

Бела куќа: Повикот за примирје во Либан беше „координиран“ со Израел

Вашингтон, 26 септември 2024 (МИА) – Белата куќа денеска соопшти дека меѓународниот апел од САД за прекин на огнот во Либан бил „координиран“ со Израел, и покрај тоа што Тел Авив подоцна го отфрли примирјето.

Изјавата навистина беше координирана со израелската страна, истакна портпаролката Карин Жан-Пјер, додавајќи дека разговорите продолжуваат на Генералното собрание на ОН во Њујорк. ми/

фото: ЕПА