• Saturday, 31 August 2024

АХВ поради нерегуларности во работењето казни месарница, маркет и ресторан

АХВ поради нерегуларности во работењето казни месарница, маркет и ресторан

Скопје, 31 август 2024 (МИА) - Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна  и продажба на храна со поминат рок. 

-Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните инспекциски контроли согласно Годишниот план и неделава продолжија со спроведување на засилен, вонредни инспекциски контроли во целата држава. Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарниоца во Скопје поради пласирање на пазарот небезбнедна хранана, поточно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања, информираат денеска од АХВ.

Од Агенцијата додаваат дека познат скопски супер маркет казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања.

-Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во конткат со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство, се вели во соопштението.

Во координирана акција со  Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, АХВ спровела вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.

Од АХВ потенцираат дека затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена. сст/

фото МИА архива