• Sunday, 01 September 2024

Анчелоти: Загрижен сум за лошите перформанси, а не за предноста на Барселона

Анчелоти: Загрижен сум за лошите перформанси, а не за предноста на Барселона

Мадрид, 31 август 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е загрижен поради неубедливиот старт на тимот во Ла Лига.

Шампионите веќе направија два погрешни чекори од три можни и заостануваат 4 бода зад Барселона, која засега е без грешка.

- Мислам дека навивачите ќе ни помогнат. По она што се случи против Лас Палмас (1:1) сега сакаме да го покажеме најдоброто од себе. Тимот е мотивиран да одигра силен натпревар. Се обидуваме да ги решиме проблемите. Досега се уште не можевме да покажеме дека сме компактни на теренот и мора да работиме на тоа. Зборував со момчињата и тие се согласуваат со мене, прокоментира Анчелоти во пресрет на домашната пресметка со Бетис, која е в недела од 21:30 часот.

За тоа дали предноста на Барселона од 4 поени влијае на моралот на тимот, Италијанецот не се согласува.

- Ќе се бориме до самиот крај. Не сме задоволни со оваа разлика, но не поради самите 4 бода, туку затоа што самите не одигравме добро. Но, сезоната е долга и тоа сега навистина не е важно, додаде тренерот на „кралевите“. дс

Фото: Архива