• Saturday, 31 August 2024

Амрабат се пресели кај Мурињо

Амрабат се пресели кај Мурињо

Истанбул, 30 август 2024 (МИА) - Фенербахче се засили со мароканскиот интернационалец Софијан Амрабат. 

Играчот од средниот ред веќе е во Истанбул, а пред тоа клубот на своите профили на социјалните мрежи објави негова фотографија од приватниот авион со кој пристигна во турската метропола.

-Прв поздрав за навивачите од Амрабат, напиша Фенербахче под фотографијата.

Се очекува многу брзо трансферот и официјално да биде потврден. Фиорентина за 28-годишниот играч ќе добие околу 18 милиони евра.

Амрабат играше како позајмен во Манчестер Јунајтед минатата сезона, забележа 30 настапи во сите натпреварувања, но „црвените ѓаволи“ ја одбија опцијата да го задржат. дс

Фото: Фенербахче