• Thursday, 29 August 2024

Алкараз се спореди со НБА ѕвездата Кари: Се обидувам да ги имитирам неговите движења

Алкараз се спореди со НБА ѕвездата Кари: Се обидувам да ги имитирам неговите движења

Њујорк, 28 август 2024 (МИА) - Четирикратниот Грен слем шампион Карлос Алкараз верува дека прави слични движења со олимпискиот кошаркарски шампион Стеф Кари.

- Го гледав Кари како игра во живо на кошаркарскиот терен. Се обидувам да ги имитирам неговите движења, но навистина е тешко. Мислам дека и двајцата се стремиме кон истото - да ја направиме играта повозбудлива и поемотивна, ја цитира „ESPN“ изјавата на Алкараз.

Претходно, 21-годишниот Алкараз победи во првото коло на УС Опен. Шпанецот го совлада Ли Ту од Австралија со 6:2, 4:6, 6:3 и 6:1. Негов следен противник ќе биде Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп. зс/

Фото: ЕПА