• Thursday, 26 September 2024

Албанија одлучна против говорот на омраза и антисемитизмот

Албанија одлучна против говорот на омраза и антисемитизмот

Тирана, 24 септември 2024 (МИА) - Од Њујорк, каде што учествува на активности на високо ниво за време на Генералното собрание на Обединетите нации, албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, истакна дека растот на антисемитизмот ја загрозува стабилноста на општествата ширум светот, поради што тој повика на будност.

-Албанија е во првите редови на меѓународните напори за справување со недоразбирањата, говорот на омраза и дискриминацијата. Нашата држава ја усвои дефиницијата на ИХРА за антисемитизам во 2020 година, со што стана првата земја со мнозинско муслиманско население што го сторила тоа, рекол Хасани, јави АТА.

За време на својот говор на министерскиот настан на високо ниво за борба против антисемитизмот и говорот на омраза преку образованието, осврнувајќи се на конфликтот на Блискиот Исток, тој ја истакнал улогата на дезинформациите во засилувањето на антисемитизмот, осудувајќи ги наративите кои ги искривуваат злосторствата извршени од Хамас.

-Она што го гледаме денес е едноставно неприфатливо. Изразуваме сериозна загриженост за наративите, онлајн и офлајн, кои ги негираат или искривуваат извршените злосторства. Албанија останува клучен застапник во глобалната борба против антисемитизмот, дискриминацијата и верската омраза, останувајќи цврста во својата заложба за промовирање на мирот и толеранцијата, посочил тој.

На оваа средба Хасани ја истакнал решителноста на Албанија против говорот на омраза и дискриминацијата, заштитата на граѓанскиот дијалог и човековите права.

-Сега повеќе од кога било, неопходно е активно да реагираме и да застанеме против сите оние кои го разгоруваат пламенот на поделбите и дискриминацијата, за да го запреме растот на антисемитизмот, порачал Хасани.

-Состанокот, организиран од Франција, ги собра глобалните лидери за да разговараат за алармантниот пораст на антисемитските инциденти ширум светот, влошени од неодамнешните случувања на Блискиот Исток, наведува АТА.

Министерот Игли Хасани престојува во Њујорк, каде што учествува на активностите на Генералното собрание на Обединетите нации, како дел од  албанската делегација на чело со премиерот Еди Рама. вт/мс/

Фото: Фејсбук
 

 

You May Also Like