• Thursday, 29 August 2024

Авиосообраќајот на аеродромот во Ајндховен е во прекин поради технички проблем

Авиосообраќајот на аеродромот во Ајндховен е во прекин поради технички проблем

Хаг, 28 август 2024 (МИА) - Сите летови до и од аеродромот во Ајндховен од утринава се прекинати поради технички проблем што го оневозможил аеродромот да работи и не се очекува да се острани пред раните попладневни часови.

„Авиосообраќајот во моментов не е возможен на аеродромот во Ајндховен поради дефект, чија причина се истражува“, се вели во краткото соопштение на управата на аеродромот, пренесува порталот „НЛ Тајмс“.

Првите летови од аеродромот во Ајндховен обично се реализираат од 7 часот наутро, но денеска во 08:30 часот кралското воздухопловство објави на платформата Икс дека најверојатно проблем со мрежата го предизвикал прекинот на авиосообраќајот.

„Се уште не е јасно кога ќе се реши проблемот. Работиме на решение“, се вели во соопштението.

Околу 58 авиони требаше да слетаат на аеродромот во Ајндховен денеска, од кои 21 авион пред 13 часот.

Се очекува да има „умерени доцнења во утринските часови“ и на аеродромот Шипхол, соопшти Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај Еуроконтрол. рп/

Фото: МИА архива