0_Спорт.ПорталФудбал

Емери одбележува јубилеј – 800. натпревар во тренерската кариера

Тренерот Унаи Емери вечерва по 800-ти пат предводи екипа како главен тренер. Тој со својот Виљареал гостува на „Камп Ноу“ кај Барселона.

Барселона, 27 септември 2020 (МИА) – Тренерот Унаи Емери вечерва по 800-ти пат предводи екипа како главен тренер. Тој со својот Виљареал гостува на „Камп Ноу“ кај Барселона.

Предноста од 4:0 за Каталонците по шеесетина минути игра, не му дава многу причини на Емери за прослава на јубилејот.

Во текот на својата кариера, шпанскиот стручњак беше на чело на Лорка Депортива (70 натпревари), Алмерија (84), Валенсија (220), Спартак (26), Севилја (205), ПСЖ (114), Арсенал (78) и Виљареал (3). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close