Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Емануел Макрон им порача на Французите дека „реформата на пензискиот систем ќе оди до крај“

Во третото новогодишно обраќање од неговиот петгодишен мандат, инаку второ во контекст на социјална криза, за 2019 во контекст на протестите на „жолтите елеци“, а сега протести и штрајк против пензиските реформи, Емануел Макрон, простум им зборуваше на французите цели 18 минути, јави дописникот на МИА.

Париз, 1 јануари 2020 (МИА) – Во третото новогодишно обраќање од неговиот петгодишен мандат, инаку второ во контекст на социјална криза, за 2019 во контекст  на протестите на „жолтите елеци“, а сега протести и штрајк против пензиските реформи, Емануел Макрон, простум им зборуваше  на Французите цели 18 минути, јави дописникот на МИА.

Штрајкот во СНЦФ – државната железница и метрото трае 27 последователни дена, тој го урна и симболичниот рекорд од 1995 година (22 дена) и се подготвува да го сруши и оној од 1986/1987 година (28 дена). Затоа од обраќањето на претседателот во исклучително напнат контекст се очекуваше многу  во однос на пензиските реформи.

Без изненадување, шефот на француската држава потврди дека „ќе биде завршена пензиската реформа, за која (тој) се  пред тоа се обврза (пред Французите за време на претседателските избори) и која ја спроведува владата“. Ова и покрај тоа што, опозицијата, како и синдикатите, бараат нејзино целосно повлекување.

Откако ги осуди „лагите и манипулациите“, претседателот увери:

-Слушам, за толку многу важно прашање, кое е во срцето на францускиот идентитет, стравовите и вознемиреностс кои се појавуваат. Ова е причината зошто, со работодавците и синдикалните организации кои го сакаат тоа, очекувам да владата на Едуард Филип најде начин за брз компромис, притоа почитувајќи ги принципите (на универзалноста, на правичноста и одговорност), заклучи тој.

Преговорите со социјалните партнери треба да продолжат на 7 јануари.

Понатаму тој порача дека „нема да попушти на песимизот или неподвижноста“, при што повоторно го оживеа поимот „стариот свет“ – без да ги именува – при што силно ги нападна неговите претходници.

„Обично, на половина мандат е време се откажуваме од енергично дејствување, особено да не предизвикаме незадоволство  на никого со приближувањето на идните избори- општински, сенаториски, обласни, регионални, а потоа и претседателски(…) Во зората на оваа нова деценија, сакам да ве уверам дека нема да се предадам на песимизам или недповижност. Свесен сум дека промените често потресуваат. Но, загриженоста не може да доведе до неактивност. Затоа што има многу да се направи “, рече тој.

„Да се потсетиме секогаш дека имаме повеќе должности отколку права во однос на Франција“, порача Емануел Макрон. Загрижен за „бројните поделби во името на потеклото“ или „религиите“, тој вети дека „ќе донесе нови одлуки во наредните недели“ за „да се бори со решеност против силите што го поткопуваат единството на нација “, особено комунитаризмот. Слично на тоа, за да се постигне моделот на општеството кон кој сака да се стреми, тој го наведе постепеното основање на Општата национална служба или „бранот на емоции“, потоа „ентузијазмот“ што следеше по пожарот на Нотре -Dame во Париз. „Ние сме градители, свесни за нивната универзална струка“, се поздрави тој самиот. „Кога историјата ќе забрза, францускиот дух не дава ништо за олеснување“, заклучи тој.

Тој сакаше да покаже дека „научил лекции од кризата на жолти елеци“, што произлезе од протестот против познатиот данок за јаглерод. Како и од европските избори, на кои еколозите се етаблираа како трета политичка сила во земјата. Резултат, Емануел Макрон увери дека „2020 година ќе биде година кога мора да се развие нов еколошки модел“.

-Очекувам многу од предлозите што ги подготвуваат 150 наши сограѓани кои се ангажирани во Граѓанската конвенција“, рече тој. Според него следната пролет ќе биде направен избор за намалување француските емисии на гасови против ефектот на стаклена градина и за борба против глобалното затоплување . Претседателот се заложи за модел кој е и „еколошки и економски“, „еколошки и социјален“ и „еколошки и културен“.

Три месеци пред општинските изборите, Емануел Макрон инсистираше да се има „топло мислење за градоначалниците на Франција“.

-За неколку недели, многу од нив ќе престанат по еден или повеќе мандати, други ќе ја побараат вашата доверба. Да им се заблагодариме на сите, тие се секојдневните столбови на Републиката. Ние имаме голема потреба од нив “, рече претседателот. Тој, исто така, го пофали „респектабилниот и републиканскиот дијалог“ кој се воспостави“ со земјата за време на големата национална дебата, меѓу минатиот јануари и април. Иницијатива која ја смета „без преседан во демократија“.

За време на неговите завети, Емануел Макрон не беше задоволен од извлекувањето на изгледите за новата година и новата деценија што се отвораат: тој, исто така, скицираше еден вид проценка за неговото претседателствување, на среднорочен период, и истакна дека „Добри бројки“ за кои смета дека може да си честитам. „Почнавме да ги гледаме првите резултати од напорите за трансформација во изминатите две и пол години во бетонот на нашите животи“, рече тој. „Повеќе од 500.000 работни места се создадени од мај 2017 година (…); сè побројни деловни креации; меѓународни инвестиции во нашата економија поголема од онаа на нашите соседи; фабрики кои се отвораат и овозможуваат борбени територии повторно да се поврзат со надеж … “, рече тој. Пред да резимираме: „Франција со години не доживеа таков интензитет“. „Повеќе од кога било, битно е да се стави работа и заслуга во срцето на нашето дејствување. (…) Спуштањето на данокот на доход, целосното укинување на данокот за домување за поголемиот дел од вас ќе биде реалност од 2020 година “, заклучи тој.

Офанзивниот говор на Еманеул Макрон не ги убеди опозициските партии, чии лидери веднаш хо критикуваа дека е отцепен од реалноста. Едно е сигурно претседателските говори на крајот на годината ретко помагаат за да се види перспективата на идната социјална состојба на земјата. За време на неговото прво обраќање на 31 декември 2017 година. Десет месеци подоцна започна движењето „жолти елеци“, една од најинтензивните социјални кризи што ја доживеа Франција од мај-68 година.

На интернет барометарот на „Фигаро“ на прашањето дали претседателот Емануел Микрон синоќа ги убеди, 44,05 % од читателите одговориле „да“, додека 55,95’ „не“.  тг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close