0_Спорт.ПорталКошарка

Јелена Антиќ по „Челенџерот“ во Софија: Драго ми е за оваа група на девојки кои ги краси упорност и желба

Селекторот на македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација Јелена Антиќ, ги искажа своите впечатоци по завршувањето на ФИБА „Челенџерот“ во Софија во кој нејзините избранички имаа ефект од две победи и три порази.

Скопје, 3 август 2021 (МИА) – Селекторот на македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација Јелена Антиќ, ги искажа своите впечатоци по завршувањето на ФИБА „Челенџерот“ во Софија во кој нејзините избранички имаа ефект од две победи и три порази.

– Многу ми е драго за овие девојки што успеаја да остварат две победи. Не беше лесно, особено после повредата на Ана Цветковска која е сигурно еден од лидерите на оваа генерација. Но оваа група на девојки ја краси една упорност и желба и среќна сум што почувствуваа дека можат да покажат многу повеќе од тоа што покажувале до сега во изминатите години.

Антиќ смета дека оние две победи се доста важни за самодовербата на младите кошаркарки.

– Остваривме две победи и три порази. Но и против екипите на Украина и Бугарија сметам дека покажавме една солидна и коректна игра. Едноставно недоволната физичка подготвеност и можеби неискуството беше пресудно. Сакам да напоменам дека не смееме да се задоволуваме со еден ваков скор. Ова треба да биде поттик и додатна мотивација за нив, да продолжат да тренираат и да вложуваат во себе, во исто темпо како во изминатите месец и пол дена. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close