0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Екстра помош за нови вработувања за компаниите, мерката 14.500 ќе се развива со поголема поддршка за повеќе погодените, најави Заев во новиот пакет мерки

Помош ќе има за сите, државата е подготвена да направи се во рамки на своите финансиски капацитети да им помогне на работниците, на невработените, на сиромашните, на македонската економија и стопанство, најави денеска премиерот Зоран Заев и информира дека одлуките ќе бидат дооформени до крајот на другата недела.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Помош ќе има за сите, државата е подготвена да направи се во рамки на своите финансиски капацитети да им помогне на работниците, на невработените, на сиромашните, на македонската економија и стопанство, најави денеска премиерот Зоран Заев и информира дека одлуките ќе бидат дооформени до крајот на другата недела.

Тој изрази уверување дека другата недела ќе излезат со пакет и ќе ги знаат и правните последици, каде треба со закон да се интервенира, а каде со одлука на Влада.

ПОсочувајќи дека синоќа Економскиот совет работел три часа и се разгледувале сите иницијативи, биле направени пресметки, најави дека помопшта ќе се движи во два правци.

– Поддршка на приватната потрошувачка, со нови картички и ваучери што ќе бидат поконкретизирани за да можат да бидат истрошени во дејностите кои се најпогодени. Тука, спаѓаат сите социјално погодени граѓани во кои спаѓаат покрај пасивните баратели на работа, пензионерите со пензии под 15 илјади денари, самохраните родители, стечајните работници кои земаат надоместок, како и ранливите категории на сиромашни граѓани кои се во центрите за социјални работи, појасни Заев.

Вториот начин, додаде, е поддршка на стопанството и на работниците, затоа што, како што рече, борбата е за секое работно место.

– Ги разгледуваме сите можни аспекти за натамошно помагање преку мерки што дадоа резултати. Да се помогне на сличен начин. Но, се размислува да биде ова уште потаргетирано. Ако аплицираат компании што се погодени над 30 отсто би требало да имаме капацитетност да одиме со дополнителен развој на мерките  пропорционално да ги поттикнеме и помогнеме оние што се погодени 30, 50, 80 или 100 отсто. Најверојатно ќе тргнеме од некоја помош од 14.500 илјади, каде дополнително ќе важи за тие што се до 30 отсто погодени, а би требало да биде поголема за тие што се 40 отсто погодени, 50 отсто, 60, за да имаме правичност во целата реализација на сите овие мерки. Дефинитивно ги помагаме компаниите со 20 – те милиони евра, што во моментот ги развивме како процедури. Одиме директно на целата подготвеност што можеме да направиме со парафискалните давачки, одложувањето на одредени даноци, како даночната аконтација на данокот на добивк и одредени други важни даноци, рече премиерот Заев.

Специјална и нова мерка, истакна, е за враќање на отпуштените работници.

– Ако од тие 12 илјади во просек што се јавуваат или 29 или 30 илјади заминати од кои околу 18 илјади се вратени, секако ние ја гледаме бројката на сите невработени, но и на сите отпуштени од работа. Ако се вработи човек сега во овој период ќе има екстра помагање, затоа што конечната цел ни се работниците и секако посиромашните граѓани, рече на денешната прес-конференција премиерот Заев.скс/

Back to top button
Close
Close