СветСвет.Портал

Експлозија на гасовод во Сирија, земјата без струја

Експлозија на гасоводот кај Дамаск доведе до прекин на електричната енергија во Сирија, а министерот за нафта Али Ганем рече дека првите показатели биле дека станува збор за терористички напад.

Дамаск, 24 август 2020 (МИА)Експлозија на гасоводот кај Дамаск доведе до прекин на електричната енергија во Сирија, а министерот за нафта Али Ганем рече дека првите показатели биле дека станува збор за терористички напад.

Телевизискиот канал Икбари прикажа снимки од голем пожар по експлозијата меѓу сириските градови Думеир и Адра, северозападно од главниот град Дамаск.

Сириската државна новинска агенција САНА подоцна го цитираше министерот Ганем дека делови од земјата постепено добиваат електрична енергија. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close