Svet.SlajderСветСвет.Портал

Експлозија на гас во Бангладеш, најмалку 24 загинати

Најмалку 24 лица загинаа во експлозија на гас во џамија во главниот град на Бангладеш, Дака.

Дака, 6 септември 2020 (МИА) – Најмалку 24 лица загинаа во експлозија на гас во џамија во главниот град на Бангладеш, Дака.

Како што пренесуваат сгенциите, надлежните служби започнале истрага за причините за експлозијата која се случила за време на вечерната молитва.

Меѓу жртвите има и деветгодишно дете, а властите соопштија дека 37 пациенти со тешки изгореници биле примени во локалните болници.

Според првичните сознанија на истражувачите, гасот кој течел од гасоводот се акумулирал во џамијата, каде прозорците биле затворени поради климата. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close