СветСвет.Портал

Експлозија на бомба во болница во Хонг Конг

Околу 20 пациенти се евакуирани од болница во Хонг Конг откако експлодира рачно изработена бомба. При инцидентот никој не е повреден

Хонг Конг, 27 јануари 2020 (МИА) – Околу 20 пациенти се евакуирани од болница во Хонг Конг откако експлодира рачно изработена бомба. При инцидентот никој не е повреден.

Маскирани антивладини демонстранти и претходно поставија бомба во објект што беше предвиден за карантин за евентуалните заразени граѓани од коронавирусот.

Експлозивната направа била скриена во бањата во Медицинскиот центар Каритас, а експлодира околу два часот по полноќ, по локално време.

  • Експлозијата предизвика многу чад и мал пожар. Бомбата не беше моќна и не предизвика голема материјална штета. Се уште не е познато кој стои зад експлозијата, изјави главниот инспектор Кевин Чонг Киу-ваи.

Демонстрантите вчера фрлија Молотов коктел во празен јавен објект, што беше предвиден за карантин за пациентите од коронавирусот. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close