ЕвропаЕвропа.Портал

Експерти: Банкнотите не се особено ризични за пренесување на новиот коронавирус

Допирањето банкноти не претставува посебен ризик од инфекција со новиот коронавирус. Тоа го изјави германскиот директор на Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

Берлин, 12 март 2020 (МИА) – Допирањето банкноти не претставува посебен ризик од инфекција со новиот коронавирус. Тоа го изјави германскиот директор на Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

„Пренесувањето на вирусот преку банкноти не е од особена важност“, рече Лотхат Вилер.

Тој додаде дека најголем ризик се секретите на заразените лица. Неговите изјави се спротивставуваат на официјалните претставници на Светската здравствена организација, кои ги советуваат луѓето да ги мијат рацете по ракувањето со банкноти.

Германија регистрира 1.269 заразени, меѓу кои и два смртни случаи. зш/

Back to top button
Close
Close