Дописници МКДОпштински вести

„Ековита: За родова еднаквост и давање што поголемо значење на жените фармери во земјоделството

Еколошкото друштво „Ековита” ќе се залага за родовата еднаквост и давање што поголемо значење на жените фармери во земјоделството, кои во изминатиот период беа ставени во втор план и не доаѓаа до израз, информираше денеска претседателот Сашко Тодоров, координатор за Вардарски регион на ,,Рурална коалиција”.

Неготино, 7 јуни 2021 (МИА) – Еколошкото друштво „Ековита” ќе се залага за родовата еднаквост и давање што поголемо значење на жените фармери во земјоделството, кои во изминатиот период беа ставени во втор план и не доаѓаа до израз, информираше денеска претседателот Сашко Тодоров, координатор за Вардарски регион на ,,Рурална коалиција”.

Пред дел од еко-активистите беа презентирани неколку проекти на кои во моментов се работи. За млади лидери, поддршка на млади претприемачи, промовирање на традиционални производи од Тиквешијата и рециклирање на органски отпад.

Настанот беше дел од проектот за институционално јакнење на членките на „Рурална коалиција”.свд/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close