Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Економската активност во Франција на 65 отсто од нормалното ниво

Економската активност и потрошувачка на домаќинствата во Франција во март изнесува околу 65 осто од нрмалното ниво, поради пандемијата со новиот коронавирус, што го парализира животот во цела Европа и пошироко, објави денеска државната агенција за статистика ИНСЕЕ

Париз, 26 март 2020 (МИА) – Економската активност и потрошувачка на домаќинствата во Франција во март изнесува околу 65 осто од нрмалното ниво, поради пандемијата со новиот коронавирус, што го парализира животот во цела Европа и пошироко, објави денеска државната агенција за статистика ИНСЕЕ.

Тоа е прва процена на економските последици поради ограничување на воведените мерки ширум Франција со цел да се сузбие ширењето на вирусот Ковид-19.

ИНСЕЕ претходно објави месечен индекс на деловната доверба, што забележа најголем пад од 1980 година, откако се води евиденција. Тој индикатор во март забележа намалување на 95 поени од февруарското ниво од 105 бодови. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close