ЕвропаЕвропа.Портал

Економисти: Коронавирусот ќе доведе до рецесија во Германија

Кризата поради коронавирусот ќе предизвика рецесија во Германија, изјави денеска директорот на влијателниот институт Ифо, Клеменс Фуест.

Берлин, 10 март 2020 (МИА) – Кризата поради коронавирусот ќе предизвика рецесија во Германија, изјави денеска директорот на влијателниот институт Ифо, Клеменс Фуест.

Тој смета дека светот е на работ на економска криза и направи споредба со 2008 година, кога избувна финансиската криза.

Фуест додаде дека германската Влада реагирала правилно со олеснување на пристапот до надомест за работа на пократко време, но додаде дека треба да се направи повеќе. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close